Бојан Зафироски носител на листата на СДСМ
Гостивар, 12 септември 2025 – Првиот човек на ОО СДСМ Гостивар, Бојан Зафироски ќе ја предводи листата за членови на општинскиот совет. Зафироски за Radio G потврди дека партискиот раководство му ја довериле оваа улога за претстојните избори и се заблагодари на укажаната доверба. Според неговите зборови СДСМ на локалните избори во Гостивар ќе понуди 23 имиња како дел од „Коалиција за локални избори 2025, предводена од СДСМ“
Бојан Зафировски на претседателското столче во ОО СДСМ Гостивар седна во јануари годинава. Тој е магистер по правни науки и важи за претставник на помладата генерација политички активисти.

Зафироски (десно) функцијата претседател ја наследи од д-р Игор Велјановски
Коментарите се затворени.