Грујоски: Левица нема никакви коалиции со никого
Гостивар, 2 октомври 2025 – Дарко Грујоски, канидатот за градоначалник на ооштина Гостивар од редовите на партијата Левица, во последното обраќање до јавноста се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од конкурентите. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ, се служи со двоен аршин обвинуваат за непринципилени коалицирања.
– Таму каде што анкетите не им одговараат и каде што вториот круг им се заканува со лош резултат, како во Струга и Тетово, веднаш почнуваат со приказни за наводни „задкулисни коалиции“. Но, кога станува збор за Гостивар, таму молк, вели кандидатот за градоначалник на Левица, Дарко Грујоски.

Според него во Гостивар на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, вториот круг им одговара, бидејќи, како што вели, со притисоци врз гласачите можат да извлечат корист за својот коалиционен партнер ВЛЕН. Грујоски е дециден и потенцира дека Левица нема никакви коалиции со никого, а сите обвинувања ги оценува како измислица и политичка конструкција на ВМРО-ДПМНЕ и дека, како што нагласува, оваа дволичност граѓаните треба да ја препознаат.
– Тие ја менуваат приказната според тоа дали нивните браќа од ВЛЕН губат или им одговара исходот. Таму каде што се пред пораз измислуваат коалиции и ги прогласуваат за криминали и „национално“ предавство. Таму каде што калкулираат дека можат да извлечат корист од втор круг премолчуваат. Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту политички принципи ниту чесност, туку единствено што ги води се калкулациите и борбата за власт по секоја цена, кажа Грујоски во обраќањето до јавноста.
Грујовски, заедно со носителот на листата за идни советници, пред почетокот на кампањата не го потпишаа кодексот за фер избори во знак на револт, откако држаните институции не дозволија финансирање на медиумското претставување со државни пари.
згм
фото ЛЕВИЦА
Коментарите се затворени.