Андоновски на средба со ромскиот „еснаф“

Гостивар 6 октомври 2025 – Мартин Андоновски носител на листата за кандидати за членови на општинскиот совет од коалицијата „Твоја Македонија“ синоќа имаше средба со претставници на ромската заедница. Средбата поминала во пријателска атмосфера, а Андоновски се заложил да ги застапува барањата и потребите на ромската заедница.

– На покана на кандидатот за советник и иден колега во советот на општина Гостивар, Ерџан Рушани, остварив средба со повеќе претставници на ромската заедница и им дадов до знаење дека нема да бидат заборавени. Ромите имаат вистински партнер во ВМРО-ДПМНЕ, а јас како носител на листата ќе бидам нивен пријател и глас, рече Мартин Андоновски.

Тој во разговорите образложи делови од изборната програма на коалицијата „Твоја Македонија“ со која настапува во Гостивар и на граѓаните им порача: Заедно сплотени ќе победиме убедливо и да го заокружат бројот 9 на гласачкото ливче.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar