Крштевањето на Давид е прво во манастирот „Преображение Христово“ во Циглана
Гостивар, 28 јуни, 2026 – Во манастирот „Преображение Христово“ во населбата Циглана денес се одржа првата крштевка. Чинот го спроведоа свештеници од гостиварското архијерејско намесништво.
Родителите едногодишниот Давид се одлучиле на овој чекор и да го прими Светото Крштение, во овој прекрасен храм, заради тоа што е исклучително светилиште кое се гради со љубов и посветеност како духовен дом за сите верници. Радица и Христијан Грујески изразуваат надеж дека ова е почеток со што во новоизградениот православен храм ќе има многу идни благословени настани.

– Овој храм да биде место каде што ќе се раѓаат нови спомени, ќе се споделуваат радости и ќе се зацврстува верата на идните поколенија. Нека биде почеток на многу благословени крштевки и радосни семејни моменти во овој Божји дом.
Божјиот благослов биде со сите што ќе го посетат и ќе придонесат за развојот на ова свето место, рекоа по крштевката Радица и Христијан Грујески.
Тие ги канат сите добронамерници и православни верници да го посетат ова свето место, да ја почувствуваат неговата убавина и духовен мир и, доколку посакаат, своите најсреќни моменти – крштевки, венчавки и семејни свечености – да ги споделат токму во Манастирот „Свето Преображение Христово“.

Ова светилиште е едно најновите во гостиварската епархија. Темелите се осветени во 2014 година, а храмот постепено се доградува со помош на верниците и донатори. Во последните години таму се одржуваат литургии и прославата на празникот Преображение Христово. Лани (2025 година) се осветени и камбаните и крстовите на храмот.
згм
Коментарите се затворени.