По полноќ ќе се прска против комарци, пчеларите во гостиварско да бидат претпазливи

Гостивар, 22 јуни 2026 – Специјализирана фирма во вечерните часови ќе започне со прскање против комарци и други инсекти на повеќе локации низ општината. Од општина Гостивар упатуваат апел до одгледувачите на пчели навреме да ги заштитат пчелните семејства.

Во известувањето од локалната самоуправа се наведува дека денес по полноќ (22.06 понеделник) ќе се изврши терестична дезинсекција (прскање од земја) на територијата на Општина Гостивар, за да се уништат возрасните форми на комарци и други штетници.

– Дезинсекцијата ќе се спроведува по полноќ до раните утрински часови, исклучиво при поволни временски услови. Во случај на дожд или силен ветер, истата ќе биде одложена за следниот ден или за друг погоден термин.

Дезинсекцијата ќе ја изведува СХПТХ Пронто ДООЕЛ, а ќе се користи препаратот Kuflak 50 EC, се наведува во известувањето на општина Гостивар.

Во препораката им се посочува на пчеларите кои имаат пчелни семејства на гостиварското подрачје да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелните семејства.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar