Тина Тарнер на обожавателите им подари документарен филм за крај на кариерата

Телевизиската мрежа Ејч Би Оу (HBO) го објави трејлерот за документарниот филм за легендарната пејачка Тина Тарнер. Според најавите филмот што премиерно ќе се прикаже на 25 март, ги опфаќа подемите и падовите во нејзиниот живот. Таа во филмот се простува од обожавателите поради здравствени проблеми. Во долгометражниот документарец, наречен „Tina“, пејачката за првпат ќе се осврне на својата младост и на глобалната слава која ја стекнала во кариерата.

Тарнер денес има 81 година и многу проблеми со здравјето, вклучувајќи ја борбата со ракот и последиците од мозочниот удар. Легендата на соул и рок музиката исто така била подложена и на трансплантација на бубрег во 2017 година. Поради сите здравствени проблеми, документарецот ѝ послужил на Тина како начин да се опрости од своите верни фанови.

Во филмот истакнува дека сака да влезе во третото и последно поглавје од животот далеку од очите на јавноста, пренесува „New York Post“. Документарецот ја имаше својата премиера на Филмскиот фестивал во Берлин на 2 март, а на платформата на „HBO“ пристигнува на 27 март.

Коментарите се затворени.