ДУИ и „Гостивар кој го сакам“: Ќе ги отстраниме сите диви депонии во Гостивар

Гостивар, 14 октомври 2021 Граѓанската иницијатива која е во коалиција со ДУИ на овие локални избори, најави дека во првите триесет денови од преземање на мандатот за раководење на општината првиот чекор чистење на сите диви депонии. Во соопштението до јавноста тие посочија на уште една дива депонија во населбата „Вардар“

– Ситуацијата на терен јасно докажува дека градоначалникот во заминување целосно ја занемари јавната чистота во овие четири години од неговото владеење. Ситуацијата е алармантна, бидејќи таквите депонии служат и како места за храна за бездомни кучиња чиј број секој ден се повеќе расте. Огранокот на ДУИ заедно со централната власт ќе спроведат одржливо и безбедно решение за депонијата Русино и ќе воспостават функционално управување и селекција на отпадот во нашата општина. Нашите зелени површини ќе бидат заштитени и ќе се инвестира во нови паркови и места за рекреација за нашите граѓани, наведуваат од иницијативата „Гостивар кој го сакам“.

Тие преку работата во општинскиот совет ќе се залагаат за субвенции за топлинска изолација и еколошко греење, со што ќе се намали загадувањето на воздухот предизвикано од постоењето на диви депонии.

Коментарите се затворени.