Движење БЕСА: Гостивар заслужува промена
Гостивар, 14 октомври 2021 Политичката партија „Движење Беса“ во Гостивар го одржа завршниот настан од предизборните активности во општина Гостивар.
Лидерот на Движењето Беса, истовремено и кандидат за градоначалник на Тетово, во својот говор пред гостиварци во спортската сала на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар зборуваше за промените кои мора да дојдат по овие избори, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Тој нагласи дека ја стекнуваат довербата и секојдневно го зголемуваат членството и придобиваат симпатизери
– На нашата програма им се придружуваат млади, мажи и жени, пензионери и работници, луѓе кои работат во сите сфери. Ова се случува затоа што имаме најсеопфатна програма, нашата програма има конкретни решенија за сите проблеми. Со влегувањето во власта промената на подобро веднаш почна да се чувствува. Граѓаните дишат послободно, земјоделците во Полог ја добиваат заслужената помош, рече Касами.
Барајќи ја поддршка за нивниот кандидат, лидерот на Беса порача:
- На Гостивар дефинитивно му треба кандидат кој ќе го сака градот. Движењето БЕСА понуди најдобра и сеопфатна изборна програма, програма која заедно со кандидатите за градоначалници ја анализиравме и за која најдовме најдобро решение на проблемите на сите граѓани во општините каде што учествуваме на изборите. Денес сме во Гостивар за да ја пренесеме пораката до секој гостиварец дека иднината на овој град е само ако гласаме број 16 и гласаме за Фадиљ Зендели
Кандидатот за градоначалник од редовите на Беса, Фадиљ Зендели во обраќањето во кое ја побара поддршката на гостиварци ги критикуваше претходните градоначалници кои сега повторно бараат мандат. Според него од општинската каса се трошат пари кои не се целосно реализирани и не се тие вредности кои се прикажуваат. На тој начин како што рече граѓаните не добиваат квалитетни улици, јавно осветлување и потребната хигиена.
– Моите против кандидати избегнуваат јавни дебати и не доаѓаат да полемизираат со факти, бидејќи немаат ништо ново да покажат. Гостивар ја заслужува промената, Гостивар ќе ја направи промената. Кандидатот за градоначалник од ДУИ има два мандати, освоени со сила и ќе ја загуби петтата трка во Гостивар. Другиот кандидат, беше човек на надежта во 2017 година, а се претвори во човек на разочарување. Само го продолжи хаосот, ја продолжи политиката на неговиот претходник. Затоа, Гостивар заслужува промени, заслужува нова политичка гарнитура. Она што ние го нудиме е најдобро за Гостивар на овие локални избори, рече Зендели.
На предизборниот собир се обратија актуелниот министер за земјоделие Аријанит Хоџа и заменик министерот за образование Арафат Шабани.
згм
Коментарите се затворени.