Таравари: Ние сме апсолутни фаворити, очекуваме потврда на победата од првиот круг

Гостивар, 31 октомври 2021 (МИА) Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата Алијанса за албанците-Алтернатива, Арбен Таравари во изјавата по гласањето на кое дојде со семејството искажа оптимизам за резултатите по гласањето во вториот круг.

            – Се надевам и очекувам денешниот дена помине во фер и демократска атмосфера, без притисоци. Навечер очекувам да победи подобриот, оној со поголем квантум на гласови. По сите изгледи ние победуваме и сме апсолутни фаворити. Тоа се виде и во првиот круг, само денес тоа треба да се потврди уште еднаш, изјави Таравари.

згм

Коментарите се затворени.