Започна нова ера во ОСТУ Гостивар, 12 нови кабинети добија најсовремена опрема за практична настава
Гостивар, 10 јуни, 2026 – На пригодна церемонија во средното техничко училиште ОСТУ „Гостивар“ денес беше промовирано опремувањето на 12 кабинети за стручна настава. Опремувањето е дел од грант „тежок“ половина милион евра. Во новите кабинети има CNC-машини, 3D-печатари, компјутерски лаборатории, серверска и мрежна инфраструктура, плотери, алати и други специјализирани средства за професионални работа.

На свеченоста беше кажано дека средношколците ќе имаат можност за следење практична настава во кабинети во кои е поставена современа технологија. Кабинетите и работилниците се опремени во рамки на проектот „Do Not Leave“, (анг. Не заминувај) поддржан од Регионалниот фонд за предизвици и Германската банка за развој, во соработка со Општина Гостивар, училишната управа и приватни компании. Целта на овој крупен зафат е обезбедување на современи услови за практично учење и директно поврзување со реалниот сектор.
– Со оваа инвестиција, која е една од најзначајните во историјата на нашето училиште добиваме услови за сериозен исчекор, истакна директорот на училиштето Бесир Салиу.

Првиот човек на локланата самоуправа, градоначалникот Ваљбон Лимани пред присутните во обраќањето посочи: „Не случајно овој проект го носи името „Do Not Leave“. Ова име донесува јасна и многу значајна порака, нашите млади да се едуцираат, да станат вистински професионалци и својата иднина да ја градат тука, во нашата земја. Нам ни се потребни вашето знаење, енергија и талент за да го развиваме Гостивар и да ја направиме нашата земја подобро место за живеење за сите, рече градоначалникот Лимани.
Во обраќањата беше кажано дека проектот се реализираше во период од 4 години, а успешноста е резултат на добрата соработка и искуството на сите вклучени страни и дека резултатите.
– Во средното техничко училиште во Гостивар поддржуваме три струки за што е доделен грант од 567.000 евра“, рече претставничката на фондот, Билјана Симеонова.

За важноста од реализираното зборуваа и помошниците координатори професорите Бојан Бојоски и Адем Јакупи. Свеченоста беше заокружена со доделување на благодарници и признанија на соработниците и поддржувачите на проектот.
текст и фото ФБ на ОСТУ „Гостивар“
Коментарите се затворени.