Heidi šeće psa објави песна во ска ритам и со италијански шарм

Гостивар, 11 јуни 2026 – Од денес на на фреквенцијата на RADIO G и онлајн платформите се емитува нова песна. Нашите познаници од Хрватска ги запознавме лани, со песната „Јутро је тек“  во која гостин е Дејан Цукиќ, поранешен член на Бајага Инструктори. Вокалистката Смиљана Штрбац Хајди ги и ги запишала замислените средби и соништа со некогашната рок ѕвезда. Но, сега имаат нова песна.

Кога ќе се спојат добрите духови на нашата сцена и добриот дух на рокенролот, настанува вистинска комбинација од feel-good енергија. Токму таква енергија зрачеше од членовите на бендот Heidi šeće psa. Добрите духови од хрватската музичка сцена, во најголемиот мал рок-клуб Hard Place, местото каде што живее духот на рокенролот, а каде што се снимаше видеоспотот за новата песна „Tebi je svejedno“. Под режисерската палка на Динко Чвориќ Доринго, кој го монтираше и спотот, бендот опкружен со своите фанови запеа и заигра славејќи ја совршената љубов.

Нивниот вообичаен разигран поп овојпат ги допре и духовите на ска музиката, па се роди навистина танцувачка песна на која ниту публиката нема да остане рамнодушна. За сè да биде уште поубаво, дополнителен шарм на песната и’ даде италијанскиот музичар со хрватска адреса, Costantino Toti, кој ја изведе рап-делницата и отсвири бас.

Хрвоје Борошиќ го напиша текстот, а музиката ја компонираше заедно со Смиљана Штрбац, односно Heidi, која во овој случај, шетајќи го кучето, копнее по совршена љубов, се присетува на најубавите моменти и, парафразирајќи го текстот на песната – би сакала сè од почеток, но нему му е сеедно. Песната е снимана, миксана, продуцирана и мастерирана во студиото на Лео Анѓелковиќ, кој даде свој придонес и на песната на споменатото авторско дуо ѝ обезбеди најдобра звучна слика.

Летото, според сите прогнози, ќе биде пеколно жешко, но со Heidi šeće psa, разиграниот вокал на Heidi и feel-good ритамот на песната „Tebi je svejedno“, сè ќе биде многу полесно. Совршена љубов? Таа секогаш е зад аголот, само треба да знаете како да ја зграпчите.

Тука можете и да го погледнете спотот

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar