Над милион денари од општинската каса за спорт и култура

ГОСТИВАР, 22 јуни – Советот на Општина Гостивар на денешната седница даде „зелено светло“ за финансиска поддршка на спортски и културни активности кои ќе се реализираат во текот на оваа година. Од општинската каса за оваа намена ќе бидат издвоени вкупно 1.050.000 денари. На последната седница, советниците одобрија пари за турнир во бокс што ќе се организира на градскиот плоштад. Претставникот на организаторот, посочи дека станува за боксерски спектакл, односно меѓународен боксерски турнир „Ноќта на шампионите“, кој е планирано да се одржи кон крајот на јули. Предвидени се осум борби со професионални боксери. За оваа намена општина ќе издвои 650.000 денари, Советот ги одобри за организација на плоштад.

Поддршка за активностите доби и клубот за боречки вештини „ММА Протектор Долчино“. Парите (300 илјади денари) кои ги побараа од локалната самоуправа се наменети за покривање на трошоците за патување на меѓународни турнири и подигнување на натпреварувачкото ниво..

За манифестацијата „Празникот на книгата“ или попознат како саем на издавачите Албанци советот одлучи да го поддржи со 100.000 денари. Традиционално, оваа манифестација ја организираат здружението „Сојуз на Албанците во светот“ и „Центарот Мозаик“,

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar