Одбележан Светскиот ден на крводарителството: Признанија за крводарителите и институциите кои даваат поддршка
Гостивар, 16 јуни, 2026 – Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар организираше свечена манифестација по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството. На настанот беа презентирани постигнатите резултати од програмата за крводарителство за 2025 година и им беше оддадени признанија на доброволните крводарители за нивниот хуман придонес. Во обраќањата, организаторите изразија благодарност за учеството во активностите на ОО Црвен крст притоа беше истакната важноста на крводарителството како чин кој спасува животи и ја зајакнува солидарноста во општеството.

Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст Гостивар, д-р Бесник Зеќири, истакна дека Црвениот крст е симбол на хуманоста, грижата за човекот и обединувањето на силите за општото добро.
– Секое дарување крв е подарок на животот. Со вашиот благороден чин, вие спасувате животи, им ја враќате надежта на семејствата и сте најдобар пример за човечка солидарност, нагласи Зеќири. Тој упати јавна благодарност до доброволните крводарители, институциите, партнерските компании и волонтерите на Црвениот крст кои постојано придонесуваат за реализација на хуманитарните активности.

Секретарката на Општинската организација на Црвениот крст Гостивар, Мерита Алили, се осврна на интересот крводарителството, кое како што кажа, останува константен, но ја нагласи потребата од уште поголема сензибилизација и подигање на свеста кај граѓаните за важноста на овој хуман чин.
На свеченоста беа доделени признанија за крводарителите кои дарувале крв 5, 10, 25 и 50 пати, како јубилејни плакети за поддршка и придонес во хуманите активности на Средното техничко училиште, Центарот за социјални работи, мото клубот „ГоБајкерс“, Центарот за култура АСНОМ и волонтерот ветеран проф. Фадби Османи.

Коментарите се затворени.