Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода

Гостивар, 16 јуни, 2026 (МИА) – Вработен во гостиварското комунално претпријатие починал откако заглавил во еден од каналите за прибирање вода на Шар Планина во атарот на селото Горно Јеловце. Според полицијата трагичниот настан бил пријавен вчера околу 13 часот.

Во пријавата било посочено дека во канал за вода во атарот на селото Горно Јеловце има починато лице,  по што на терен излегле полициски службеници и констатирале дека се работи за Н.М.(64) од гостиварско Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар.

– Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. Откако бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, вели Фатмир Реџепи портпаролот на СВР Тетово.

На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar