Општина Гостивар влезе во „градежна офанзива“, вложувањата во патната инфраструктура тежат над 4 милиони евра.

Гостивар, 13 јуни 2026 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа влезе во градежна офанзива и ова лето продолжува со инвестирање во патната инфраструктура чија цел е подобрување на условите за сообраќај и зголемување на безбедноста на граѓаните. Градоначалникот, Ваљбон Лимани придружуван од општинското раководство, денес беше на увид на работите на улица Никола Парапунов (од саат кулата до булеварот кај „шимско“) низ централното градско јадро. Таа е опфатена со целосна реконструкција, вредна на 3,5 милиони денари.

Според градоначалникот Лимани, станува збор за една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од градот, а завршувањето на работите значително ќе го олесни движењето на граѓаните и ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.

Тој најави дека најголемиот дел од инфраструктурните проекти кои моментално се реализираат треба да бидат завршени до крајот на јуни. По што ќе има мал застој заради доаѓањето на иселениците кои традиционално доаѓаат во текот на летните месеци.

– Очекувам до крајот на јуни, односно почетокот на јули, да завршат сите активни градежни работи. Потоа, поради зголемената фреквенција на сообраќај во летниот период, градежната офанзива привремено ќе биде ставена во мирување и ќе продолжи кон крајот на август, изјави градоначалникот Ваљбон Лимани.

Меѓу поважните зафати кои треба да започнат ова лето е новиот мост на Вардар, близу судската зграда и потенцира. Доколку, градежната компанија се нафати да ги заврши работите на делнцата од булеварот Гоце Делчев до крајот на јуни, најверојатно и оваа сообраќајница ќе биде целосно подновена.

Во општина Гостивар, во моментов се работи на девет локации, каде се спроведува целосна реконструкција на коловозите. Парите за овие инвестиции, се главно од таканаречениот „унгарски кредит“, но како што посочи градоначалникот, дел од проектите се финансираат од општинскиот буџет. Според првичните пресметки сите овие зафати имаат вредност од три до четири милиони евра.

згм

фото МИА

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar