Од ЈПКД „Маврово“ апелираат: Да не се прават ископи пред да се добие одобрение
Гостивар, 19 јуни, 2026 – Раководството на комуналното претпријатие „Маврово“ апелира до жителите и сопствениците на имоти на територијата на општина Маврово и Ростуше да прават ископи без одобрение од стручни лица. Градежните активности да ги пријават и за тоа да добијат одобрение. На тој начин како што се наведува во последното соопштение ќе се избегнат оштетувања на водоводната мрежа.

– Се известуваат жителите на Маврово дека пред започнување на какви било ископи на приватни или јавни површини, потребно е навремено да го контактираат ЈПКД Маврово. Стручни лица ќе излезат на терен за да ја утврдат положбата на водоводните линии, со цел да се избегне нивно оштетување при изведување на ископите, наведуваат од претпријатието.
Оттаму предупредуваат, доколку не биде извршено известување до ЈПКД Маврово и при ископите дојде до оштетување на водоводна линија, сторителот ќе сноси одговорност и ќе биде соодветно санкциониран согласно важечките прописи, како и ќе ги надомести трошоците за санирање на настанатата штета.
згм
Коментарите се затворени.