Мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар лишена од слобода
Гостивар, 16 март 2021 Триесет и петгодишната жена чие дете утрово го загуби животот во пожар во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар лишена е од слобода, информираат од СВР Тетово.
Од таму навдуваат дека С. Т. (35) од Ресен веднаш по откако ѝ пружена медицинска помош, околу пладне е лишена од слобода и задржана е во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ (член 203 став 2 од КЗ).
Таму таа најверојатно ќе биде задржана до утре за расветлување на поединостите околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.
Коментарите се затворени.