Македонската четворка Zanadu го претстави летниот „Ураган“ и го најави своето ЕП издание

Гостивар, 12 јуни, 2026 – Групата Занаду потпишаа договор со хрватската независна издавачка куќа interstellaR. Станува збор за македонски бенд, кои творат во Скопје, каде што во последните години цвета една нова урбана сцена. Оваа музичка четворка припаѓаат на грпите предводници на таа сцена, а нивната музика е како слобода. Zanadu слободно и храбро пловат низ жанрови, ритми и фреквенции за да ги канализираат моменталните емоции, импулси и енергија, а токму во тој дух е и нивната нова песна „Ураган“, која има вистински летен вајб и мелодиски танцува на работ на indie, synth и disco pop звукот.

„Откако поминав извесно време далеку од дома, се вратив исполнет со нови искуства, емоции и перспективи. Бендот и јас почнавме да ги претвораме тие искуства во песни за нашето претстојно ЕП издание. Оваа песна беше една од првите што се појавија. Таа размислува за љубовта, времето и тивката тага што доаѓа со пуштањето на нешто за кое речиси сте биле сигурни дека секогаш ќе биде тука. Станува збор за иднината што ја градиме во нашите мисли, за плановите што изгледаат неизбежни и за сознанието дека некои приказни завршуваат пред целосно да се развијат. Во својата суштина, песната зборува за споделување сон со некого, за на крајот заедно да се најдете во солзи поради она што можело да биде“, вели Карло Јованоски, фронтмен на бендот Zanadu и автор на текстот за песната „Ураган“, која ја балансира носталгијата со прифаќањето.

Карло истакнува дека креативниот процес бил идентичен со замавот и емоциите што стојат зад песната – ја напишале во еден здив, ја снимиле и речиси веднаш собрале тим околу неа. Целиот бенд работел на музиката, додека продукцијата на песната ја потпишуваат Христијан Трајчевски и Карло Јованоски.

Песната доби и видеоспот кој, како и самата мелодија, ги допира нашите носталгични сетила и емоции. Или, како што вели Карло, „го доловува минливиот момент помеѓу задржувањето и пуштањето, помеѓу животот што сте го замислувале и оној што на крајот ве пронаоѓа“. Зад концептот на спотот стојат Zanadu и Павел Кардалевски, монтажата ја потпишува Марија Грчева, а зад камерата беше Павел.

„Ураган“ е првиот сингл од претстојното ЕП издание, кое ќе биде објавено веднаш по летото, за вкусот на летото да потрае што е можно подолго. Со овој сингл Zanadu ја започнуваат својата соработка со хрватската независна издавачка куќа interstellaR.

Членовите на бендот се запознале на 17-годишна возраст и по само неколку години го снимија и самостојно го објавија својот прв албум насловен „Соништа“. Своето креативно патување го продолжија со објавување нови синглови и настапи низ цела Македонија, а три години подоцна пристигна и нивниот втор албум „Наше после сè“, исто така самостојно објавен.

Интересен факт е дека придружните вокали на албумот ги снимиле група млади холандски туристи во Скопје, што говори за отвореноста на бендот кон сè што носи секој момент. Полека, но сигурно, Zanadu го зацврстува своето место некаде помеѓу алтернативната и поп-сцената во Македонија, ширејќи ја својата музика и низ просторот на поранешна Југославија. Наскоро ќе тргнат и на мини-турнеја за да ги промовираат новите песни и ЕП изданието.

Zanadu се: Карло Јованоски (гитара, вокал и текстови), Марко Атанасов (гитара), Андреј Крстевски (бас-гитара) и Иван Богдановски (тапани).

Песната „Ураган“ е објавена на сите стриминг сервиси за независната издавачка куќа interstellaR.

тука може да го погледнете и видеото за новата песна

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar