Општина Гостивар распиша оглас за финансирање на поединци, здруженија и клубови

Гостивар, 18 јануари 2022 Локалната самоуправа објави оглас со повик до сите здруженија, клубови, неформални групи и заинтересирани поединци да ја искористат финансиската поддршка која е предвидена за оваа година.

Од општината појаснуваат дека „Јавниот оглас“ има за цел да ги поттикне активностите со позитивно влијание, подигање и развој на културата, спортот, животната средина.

Огласот ќе трае од 17.01.2022 до 15.02.2022 година, за начинот на кој може да се пријави и за условите може повеќе да дознаете на следниот линк: ЈАВЕН ОГЛАС.

http://gostivari.gov./mk/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81/

Според пропозициите во огласот за 2022 година за финансиска поддршка на здруженија, клубови и проекти на физички лица максималниот износ е 180 илјади денари.

Покрај спортски клубови предвидено е да финансираат и активности за подигање на квалитетот на граѓанскиот живот, промоција на културното наследство, манифестации и поддршка за поединечни изданија.

Од општина Гостивар ги охрабруваат сите здруженија, клубови, неформални групи и заинтересирани поединци да се пријават.

Коментарите се затворени.