Семејно насилство: Татко ја натепал ќерката

Гостивар 21 септември 2022    Семејни недоразбирања завршиле со пријава за физички напад во полиција. Татко ја натепал ќерката со која имал нарушени односи.

Според СВР Тетово, дваесетгодишна гостиварка ноќеска (21 септември) во 1 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека вечерта околу 20 часот во семеен дом во околно гостиварско село физички ја нападнал нејзиниот 48-годишен татко. Причината, според првичните сознанија се нарушени семејни односи и меѓусебни недоразбирања. Случајот се расчистува и документира.

На поширокото полошко подрачје (тетовско-гостиварско) годинава се регистрирани 206 поплаки за семејно насилство. Од нив 75 се заокружени со кривични пријави, а во 55 случаи имало нанесување на телесни повреди. Еден случај заврши трагично, кога во тетовско село син ја уби мајката.

згм

Коментарите се затворени.