Гостиварската болница доби современа капела
Гостивар, 1 јуни 2023 – Од денес, во гостиварската болница ќе има подостоинствени услови за починатите во сообраќајни несреќи или болнички услови. Група донатори во соработка со болничката управа ја уредија и целосно реконструираа капелата во општата болница Ферид Мурад
Со доделување на благодарници на донаторите, денес во функција беше ставена реконструираната капела, која претходно беше неуреден и запуштен простор во подрумскиот дел на болницата
Првиот човек на болницата Илбер Адеми ја нагласи неопходноста од ваквата единица, за која рече дека сега е уредена според високи стандарди.
– И во најтешките моменти, кога губиме некој близок, важно е да се искаже почит кон починатиот. Досегашните услови во таканаречената капела не беа ни одблизу достоинствени. Со помош на наши пријатели и донатори, уреден е простор кој покрај чување на телата ќе се користи и за обдукции, рече директорот на општата болница Илбер Адеми
Капелата се уредуваше изминативе три месеци и десетина донатори ја помогнаа инвестицијата која достигна 20 илјади евра. Покрај потребната опрема во неа се инсталирани и четири фрижидери. Просторот ќе биде на распологање на доктор по судска медицина во случај да треба да се изврши обдукција на починато лице.
Коментарите се затворени.