Полицијата казнува диви трки, дрифтање и турирање по улиците

Гостивар, 26 2023 – Љубителите на брзото возење, чаламење по улиците ова лето ќе плаќаат казни. Полицијата ги засили контролите кои се во рамки проект планот на МВР „Безбедно лето-2023“. Во активностите за поголем ред и безбедност на сообраќајот спроведени се контроли за спречување на организирање на диви трки.

– Во текот на изминативе денови во период од 22.00-03.00 часот, при вакви контроли, полициските службеници на СВР Тетово исклучиле 14 возила од сообраќај и истите биле упатени на вонреден технички преглед за проверка на техничката состојба и бучавост од кои кај 8 возила биле констатирани неисправности или преголема бучава, наведуваат од СВР Тетово.

Популарното „дрифтање“ кое го нарушува јавниот ред и мир во доцните ноќни часови исто така било на удар на контролите, па така констатирани и санкционирани се возачи на 3 возила кои нагло ја зголемиле брзината со чкрипење на погонските тркала.

– На сите возачи – прекршители веднаш им се изготвени поднесоци, а техничките неисправни возила биле исклучени од сообраќајот до отстранување на неисправноста.

Од СВР Тетово апелираат на воздржување од чкрипење на пневматиците и други ноќни лудории со возилата на кружни текови и слично, затоа што без исклучок ќе бидат санкционирани сите нарушители за да се избегнат посериозни последици.

Активностите на полицијата во овој период на зголемена сообраќајната фреквенција, се во насока на овозможување на нормален и проточен сообраќај и одржување на јавниот ред и мир.

Коментарите се затворени.