Во четврток (25 април) Велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски

Гостивар, 22 април 2024 – Љубителите на фолклорната традиција, овој четврток (25 април 2024 година) ќе имаат можност да го проследат традиционалниот Велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“. Годинава како гости ќе настапат и членовите на КУД „Електропорецелан“ од Аранѓеловац Србија.

Според најавата, концертната програма ќе биде исполнета со настапи на членовите на градското уметничко друштво од двете фолклорни групи со повеќе нови сплетови и ора. Како солисти пејачи ќе настапат, Мирослав Крстески – Тафо, Јовица Николоски и новоформираното вокално трио.

Почетокот е закажан за 19 часот во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“. Влезницата е 100 денари.

Од најстарото културно уметничко друштво во Гостивар, упатуваат покана до сите љубители на народниот фолклор да го проследат концертот и воедно на православните верници им честитаат големиот христијански празник Велигден.

згм

Коментарите се затворени.