Со „Доказ“, новиот сингл, Блаж Маротов ќе чува спомен за љубовта (ВИДЕО)

Гостивар, 24 јануари 2025 – Во јануари добивме уште еден дискографски новитет на македонската сцена. Станува збор за новиот сингл „Доказ“ на Блаж Маротов.

Тој е еден од „ветераните“ на македонската естрада кој неуморно работи и одржува континуитет. И овој пат како докажува дека ги заслужува епитетите на сестран музички уметник, изведувач, професор, кантавтор.

На промоцијата која се одржа минатата недела во Скопје, тој ќе посочи дека сето искуство му помага да препознае добра песна и од други автори кога му се нуди. Овој пат за последната студиска снимка како соработник повторно го избра композиторот Златко Бошкоски (претходно соработуваа на песна за Охрид фест) кој ги употреби стиховите на Зоран Гега Маџоски. Аранжманот е на Маротов, кој во декември ја снимаше и продуцираше во неговото студио БиМ.

Ова е една елегична тема во која се забележува емоцијата во врвната вокална интерпретација на Блаж. Сè на сè оваа своевидна ода за љубовта ќе тежнее да стане биде евергрин.

На промоцијата, пред публиката, пријатели, колеги и соработници, Маротов кажа и интересни детали при подготовката на спотот за песната „Доказ“:

– Овој спот го снимавме на неколку локации во Скопје. Првото снимање имаше технички проблеми па, избришавме сè и го повторивме одново. Тоа беа дополнителни уште два дена, кои потоа беа целосно успешни. „Гости“ во видеото се моите пријатели Војче Петрушев на хармоника и Дамјан Марковски на гитара. На двајцата им благодарам за сесрдната помош и креација. Видеото го работеше мојот син Гоце, во соработка со „Gousses production“.

Видеото може да го погледнете и тука.

Коментарите се затворени.