Комедијата „Брзо Викај Полиција“  во петок ќе се игра пред гостиварци

Гостивар, 13 јуни, 2026 – Дуото актери од преставта „Брзо викај полиција“ доаѓаат во Гостивар за да спроведат хаос и корупција, дојдете на лудото шоу. Миле Џандарот повторно во акција. Тој е најсмотаниот, најенергичниот, најчесниот и најлудиот македонски џандар, полицаец, ренџер во урнебесната комедија БРЗО, ВИКАЈ ПОЛИЦИЈА!

Борбата против криминалот и корупцијата мора да продолжи! Гиле Гилиптер мора да биде сопрен. Миле Џандарот е рачен Сејф Сити, тој е ловец на лопови, тата мата за пиромани, експерт за манијаци, сива еминенција за сообраќајни битанги, воспитно-образовен техничар за блокатори на регионални патишта, Џон Вик за терористи, едукатор за заканувачи на полиција и утешител на ММА краварки.

54

Вака некако звучи најавата за едно најурнебесните комедии кои се изведуваат низ Македонија. Еден од актерите, гостиварец по потекло, Нинослав Наков посочува зошто оваа претства треба да се глада како задолжителна

– Апсурдна комедија која длабоко во себе поставува тешки општествени прашања. За тоа како медиокритетите станаа креатори на мислење и правила, како праведната борба за подобро општество стана главна тема за потсмев и за тоа кои теми и профили на личности се главна тема на денот, вели Нанков

Тој до гостиварци упатува покана и вели смеењето понесете го на претстава, размислувањето и борбата за подобро општество да ги направиме сите после претставата. Едно е загарантирано, ќе се смеете до солзи со Миле Џандарот и Гиле Гилиптерот.

Играат:Трајче Китановски и Нинослав Нанков

Режисер и автор: Оливер Ромевски

Продукција: Дел Рио

Специјален гост-хост: Златко Стефковски

Претставта се игра во петок (19.06.2026) од 20ч. во Центарот за култура АСНОМ

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar