Малиот одѕив ќе ги повтори изборите во Маврово Ростуше
Гостивар, 18 октомври 2021 По објавувањето на резултатите од првиот круг од локалните избори од Државната изборна комисија (ДИК) известија дека во две општини Центар Жупа и Маврово-Ростуше ќе се повтори изборната постапка. Во овие две општини не бил исполнет законскиот услов за цензус, одноно од една третина од запишаните гласачи да излезат на гласање.
– Во двете општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот законик“, рече првиот човек на ДИК, Даштевски.
Во општина Маврово Ростуша имаше двајца кандидати и шест листи за советници. Кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски освои 1.563 гласови (48,15%), а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Мевмет Џафери 1.558 (48,00%)
Коментарите се затворени.