ЕДНА ПРИКАЗНА, ДВЕ ПЕСНИ: Дино Мерлин е на пола пат до нов албум (видео)
Гостивар 6 април 2022 Деновиве на програмата на Radio G може да се слушнат повеќе новитети како од домашната, светската, така и од балканската музичка сцена. Од денес, па во наредниот период ќе се емитуваат две нови сингл изданија на Дино Мерлин. Некои од редовните слушатели, веќе забележаа и ни пишаа дека двете песни наликуваат една на друга и тоа е точно! Проверивме и навистина, станува збор за една приказна направена во две верзии и тоа ни го потврдија од Magaza -Croatia records
Во објавата на неговата издавачка куќа која ги најави двете нови песни се наведува дека публиката добива двојно поголемо задоволство.
– Сараевскиот музички волшебник Дино Мерлин реши да и се оддолжи на публиката со својот прв проект оваа година за годините на верност – двапати. Објави нова песна и придружно арт видео, буквално – двапати! Нов сингл со ист текст доби две верзии; едната целосно уметничка завиткана во духот на баладата наречена „Погрешни карти/Krive karte“, а другата поживописна, поенергична наречена „Како да ти кажам/Kako da ti kažem. Зашто, како што вели кантавторот Дино Мерлин, некој љубовта и емоциите ги доживува прилично романтично, а некој гори од енергија и страст, пренесуваат од Кроација рекордс
Аранжманот за „Погрешни карти“ е на Марко Луис, додека аранжманот за „Како да ти кажам“ го направи Бејби Докс.
Ова се песни кои го најавуваат новиот албум на Дино, 12-ти студиски албум.
Претходно и минатата година ги емутивавме и уште се на програма „Ние/Mi“, експлозивниот дует „ДојдиDođi“ со Сенида и епската балада „Еден ден, една ноќ, Jedan dan, jednu noć“
Подолу може да ги видите видео спотовите за двете нови песни. Ги препорачуваме за гледање и слушање.
Коментарите се затворени.