Нова песна: Марија ја сними „Дај не мачи ме“ дело на тандемот Неделковски (ВИДЕО)

Гостивар, 8 март 2024 – Од работилницата на тандемот, син и татко Неделковски излезе уште едно музичко парче за кое другиот тандем Јанковиќ снимија видео. Новиот сингл на Марија Ацеска со наслов „Дај не мачи ме“ е брза и темперамента тема, со провокативен текст, посветена на сите припаднички на понежниот пол. Автор на музиката новата песна е Филип Неделковски, текстот е на Огнен Неделковски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев.

За дебитатанската песна на Марија, која музичката критика ја вбројува во новата надеж на македонската музичка сцена, снимен е и видео спот. Видеото го изработија Дарио и Ана Марија Јанковиќ и нивната Генерал Филм Студио.

Radio G на Марија ѝ посакува успешно деби во етерот и да има многу хитови во својата кариера. Радиската промоција ја закажуваме за утре (сабота 9 март од 12:00 часот) во сегментот „За прв пат на радио“ .. дотогаш погледнете го и видеозаписот за песната и уживајте.

 

Коментарите се затворени.